Choose languange:
A+ A-
home_headline!

Building a generation of Roma medical professionals

Subscribe

Дајана Демири, Студент на Медицинскиот факултет по Општа медицина, Скопје

Досега мојата соработка со мојот ментор беше многу успешна, бидејќи покрај тоа што добив многу совети добив и ново знаење...

РХСП програмата имаше многу позитивно влијание во текот на првиот семестар од моите студии на Медицинскиот Факултет по Општа Медицина во Скопје.

Доделувањето на менторите од страна на програмата сметам дека е од голема важност бидејќи истите ни овозможуваат на нас студентите информации за подобро разбирање на функционирањето на Медицинскиот Факултет. Нашите одбрани ментори се искусни доктори и веќе го поминале сиот пат кон кој ние чекориме, ни даваат бројни совети за поединечните предмети во однос на тоа како полесно да го учиме предметот и на што најмногу да обврнеме внимание. Мојот ментор ми дава голема мотивација бидејќи најмногу од мене бара стабилно, редовно и константно да учам и да не попуштам во тоа, бидејќи никој друг утре нема да го излечи пациентот за мене или работи наместо мене.

Досега мојата соработка со мојот ментор беше многу успешна, бидејќи покрај тоа што добив многу совети добив и ново знаење. Како на пример, ме запозна со еден проект од нејзината област кој ги вклучува ромските семејства и новороденчиња, проект со кој досега не бев лично запознаена којшто воведува начин на згрижување на новороденчињата и првиот контакт на нивните мајќи со нив со огромна нежност и претпазливост. За мене тоа претставува една голема придобивка од страна на менторството и РХСП програмата и дава позитивно влијание на мене и моите понатамошни студии.

Проектот многу влијаеше и ќе влијае во успешното решавање на моите предизвици. Сметам дека менторството и РХСП програмата мене ми дадоа огромна мотивација во однос на студиите, а голем дел од тоа припаѓа на доделувањето на менторите кои не водат и насочуваат да постигнуваме успешни резултати.

donors!

Open Society Foundations

donors_block_description!

2015 © RHSP - The development of this website was made possible with the support of the Open Society Foundations