Choose languange:
A+ A-
home_headline!

Building a generation of Roma medical professionals

Subscribe

Селма Еминоска, Студент на Медицинскиот факултет по Општа медицина, Скопје

Се надевам дека ке продолжи да постои програмата за медицински стипендии за Роми и ке овозможи на многу ученици да станат медицински студенти...

Јас сум Селма Еминоска, потекнувам од Прилеп. Моментално сум трета година на студии по медицина, насока општа медицина и по дипломирањето ќе се стекнам со звање Доктор по медицина. Уште од самиот почеток сум дел од програмата за медицински стипендии за Роми и благодарение на истото сум моментално на оваа позиција. Потекнувам од просечно ромско семејство за кој е многу тешко да се издршува двајца студенти на медицина и доколку не би постоела програмата за Ромски стипендии не би можеле да си пружиме да студираме медицина со оглед на долгогодишното студирање, но благодаренина на програмата за медицински стипендии за Роми сум студент на Медицинскиот факултет и тежнеам да го остварам мојот сон- да бидам Ромка доктор со кој не само моето семејство туки и мојата Ромската заедница ке се гордее со тоа.

Летниот камп кој што е дел од компонентата за стипендирање ни помогна не само на мене туку и на остантите стипендисти да ги изградиме нашите капацитети, наштите лидерски, ораторски вештини. Ни помогна самите ние студентите да бидеме иницијатори на актвности со кој што не само Ромската зедница беше запознаена со нас како идни здравствени работнци туку и дапридонесиме за развојот на истата.

Една од позначаните компоненти на стипендијата освен финансиската подршка е компонентата менторство. Менторите се на некој начин линк со кој ние студентите можеме да дојдиме до потешко достапни места. Јас во текот на мојата едукација имав можност да имам четири ментори, секој со различен начин на работа. Благодарение на нив имав можност да одржувам неколку здравствени работилници на деца од училишна воздраст, да бидам дел од интернационален натпревар, како и во месец мај оваа година да бидам активен учесник на 39-от Медицински Интернационален Конгрес со тема Solitary Desmoid tumors od Pancreas/ a case report во соработка со колешката Алма Еминоска, а за да го реализирам тоа од големо значење за мене беше покрај подршката на мојот ментор со кој што зедно ја одбравме и ке ја обработуваме темата е добивањето на мини гранд за учество на конференции како дел од програмата за медицински стипендии за Роми. Исто така како стипендист на пограмата имав можност да добијам мини грандови за изучување на странски јазик кој што за мене како студент и иден Лекар е многу важно познавањето на англискиот јазик бидејки непознавањето на истиот е една од бариерите за аплицирање на интернационални работилници, семинари и конгреси од секое поле.

Горда сум на фактот дека со годините се зголемува бројот на студенти Роми на медицина, посебно зголемувањето на бројот на Ромки и тоа што јас сум првата Ромка од Прилеп која што студира и живее надвор од родното место и тоа еден позитивен пример за останатите да дозволат нивните деца особено девојчината да стдираат, а најголем виновник во позитивна смисла е постоењето на оваа програма.

Се надевам дека ке продолжи да постои програмата за медицински стипендии за Роми и ке овозможи на многу ученици да станат медицински студенти и во иднина да имаме голем број дипломирани здравствени работници.

donors!

Open Society Foundations

donors_block_description!

2015 © RHSP - The development of this website was made possible with the support of the Open Society Foundations